Ветеран од Втората светска војна од американската држава Алабама, оздраве од КОВИД-19 „на време“ за да го прослави својот 104-ти роденден.

Еден од неговите роднини рече дека мајор Вутен е физички уморен и не му се многу јасни работите после борбата со коронавирусот, додека неговата внука Холи Вутен МекДоналд, рече дека на него му е добро имајќи го во предвид фактот дека го слави својот роденден, пренесува Телеграф.

Мекдоналд истакна дека нејзиниот дедо бил позитивен на КОВИД-19 од 23 ноември, кога нејзината мајка и ќерка се разболеле. Тој беше во болница, но успеа да оздрави.

Од болницата Медисон е снимено видеото на кое се гледа како Вутен со маска на лицето ги поздравува вработените кои му пееја „Среќен роденден“ додека тој заминуваше од болницата во инвалидска количка украсена со балони, два дена пред неговиот роденден.

Вутен како капетан од прва класа учествуваше во борбата против нацизмот, а минатата година отпатува во Франција за да учествува на 75-годишнината од пристигнувањето на трупите во Нормандија.