Гидо Вестервеле, германскиот министер за надворешни работи денеска престојува во посета на Македонија. Шефот на германската дипломатија ќе се сретне со својот македонски колега, министерот Никола Попоски.
Потоа, германскиот министер ќе оствари средба и со вицепремиерот Фатмир Бесими, како и со претседателот на државата, Ѓорге Иванов.
Предвидено е на средбите да се разговара за можностите за интензивирање на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.
Исто така, тема на разговор ќе бидат и процесот за евроинтеграција на Република Македонија во Европската унија, во пресрет на Самитот на Европскиот совет во јуни 2013 година.