Се почесто се дискутира за потенцијалниот МВП играч во НБА лигата, а кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук, би требало да биде меѓу водечките кандидати.

Ќе биде многу неизвесно, тоа можат сите да го заклучат од досега прикажаното, кога се работи за МВП наградата за најдобриот играч во НБА.

Расел Вестбрук по многумина е првиот кандидат за ова признание бидејќи просечно бележи трипл-дабл, но според мислењето на Марк Кјубан, сопственикот на Далас тоа не е доволно.

Не, тој не е МВП кандидат, истакна Кјубан.

Тој смета дека двајцата кандидати се Леброн Џејмс од Кливленд и Џејмс Харден од Хјустон. Исто така го спомена и Кавај Ленард како потенцијален кадидат.