x

Веста за повредата на Барди е „Брејкинг Њуз“ во Грузија

bardi-gruzija-1

Веста дека еден од најдобрите фудбалери на македонската репрезентација, Енис Барди, е повреден и нема да патува за Тбилиси, е пречекана со голем интерес од грузиските медиуми. Тие повикувајќи се на македонски извори, како „Брејкинг Њуз“ ја објавија информацијата дека Македонија без Барди доаѓа на историскиот меч за пласман на ЕП.

И покрај тоа што тоа ним им оди во прилог, ние и натаму цврсто веруваме во нашите момци. И без Барди, и без Адеми, Велкоски и Ристевски, тимот на Ангеловски има сили и капацитет за голема битка утре и секако победа за историски пласман на ЕП.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата