x

Веспрем доби дозвола од Унгарија, Келце ќе биде прв гостин

vesprem-1

Унгарија пред една недела им забрани на своите екипи да играат меѓународни пријателски натпревари поради пандемијата коронавирус и нејзиното присуство во неколку тима.

Токму поради оваа мерка беше неизвесен дуелот меѓу Веспрем и Келце во рамките на подготовките за новата сезона. Но, од таборот на актуелниот унгарски првак потврдија дека полскиот тим ќе гостува и тоа на 21. август.

Она што засега останува непознато е дали овој спектакуларен меч ќе се игра пред полни трибини или љубителите на ракометот ќе го гледаат пред ТВ-екраните.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата