Весникот е во сопственост на тајванската компанија „Јунајтед Дејли Њуз Груп”, која објавува 10 весници во светот.

Околу 200 работници во 2004 година го тужеле најтиражниот весник на кинески јазик, бидејќи новинарите, вработени во продажбата и производството, па дури и возачите кои ги разнесувале весниците, биле принудени да работат прекувремено и шест дена во неделата, без соодветен надомест, топол оброк или пауза.