x

Верстапен ќе има нов колега во Ред Бул: Хулкенберг ќе биде замената за Албон

hulkenberg

Германскиот пилот Нико Хулкенберг по се изгледа ќе добие договор со Ред Бул и ќе стане партнер на Макс Верстапен следната сезона во Ф1 шампионатот. Инсајдерски информации тврдат дека Ред Бул веќе му доставил предлог договор на Германецот.

Според неофицијални извори, Александар Албон е близу да го загуби своето место за следната сезона во болидот на Ред Бул. На петочните тренинзи за Големата награда на Бахреин, Тајланѓанецот имаше очаен тренинг, а во саботата, иако заврши четврти на квалификациите, беше шест десетини од секундата зад Верстапен.

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, вели дека по последната трка од сезоната ќе седнат сите страни на конечен договор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата