x

Верстапен ја искористи пол-позицијата и победи во Абу Даби

max-verstappen-08

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, максимално профитираше од својата прва пол позиција во сезонава, и победи на трката за ГН на ОАЕ во Абу Даби.

Верстапен 55-те круга ги заврши за 1 час 36 минути и 28 секунди, и пред второпласираниот Ботас со предност од 15.976 секунди. Трет беше новиот светски првак Луис Хамилтон кој заврши зад Верстапен со 18.415 секунди.

Единствено трката не ја заврши Перез кој ја заврши трката во 10. круг поради проблеми со болидот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата