Таткото на зајачиците, Хју Хефнер кој неодамна објави дека ќе се венча со Кристал Харис без предбрачен договор, успеал да ја натера идната сопруга да ја испочитува традицијата и на свадбата да се појави во розова венчаница. Хју и Кристал ќе се венчаат за два месеца, а зајачицата потврдила дека нема да носи бела венчаница на свадбената церемонија, туку ја одбрала заштитната боја на Хефнеровиот Плејбој.

“Фустанот нема да биде бел. Ја обожавам розовата боја, па таков ќе биде и фустанот. Сакам свадбата да биде во различни бои и сите да изгледаат прекрасно”, изјавила Харис.
За свадбената церемонија двојката нарачала торта со јагоди, како и цвеќе во розова боја. 85-годишниот Хефнер веридбата ја објави во декември, притоа истакнувајќи дека човек е млад колку што се и девојките кои ги допира.