x

Венгер: Што и да се случи, за мене Ливерпул е шампион

Поранешниот тренер на Арсенал Арсен Венгер, зборуваше за прекинот на Премиерлигата, и можноста за нејзино продолжување во скоро време.

Говореше и за Арсенал за кој истакна дека ќе треба Артета да го врати сјајот на тимот.

„Се грижам за клубот и секогаш ги гледам натпреварите. Ги гледам сите натпревари и сметам дека мора да постои посебен начин на кои тие би играле. С надевам дека Микел ќе знае да го направи тоа“, рече Венгер.

Венгер, смета, без оглед на се што ќе се случува со Премиерлигата, Ливерпул треба да се чувствува како првак.

„Имаа одлична сезона, имаат разлика од 25 бодови. Без оглед каква одлука ќе биде донесена, за мене тие се прваци“, рече поранешниот тренер на „топџиите“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата