x

Венгер со коментар за фудбалерот кој не го сакаше, а сега „растура“ во Баерн

Серж Гнабри беше најдобриот играч на Баерн во убедливиот триумф над Челзи од 3-0 во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Одличниот Германец постигна два гола, во период од две минути и го реши мечот. Гнабри направи голем напредок од 2016 година која не можеше да се избори за место во Арсенал, кој го водеше Арсен Венгер,

Имаше проблем и во Вест Бормович каде беше на позајмица. На крајот Баерн го купи 2017 година и го прати на позајмица во Хофенхајм, но потоа се врати. Од минатата сезона тој е клучен фудбалер во редовите на баварскиот тим.

„Тој нема лимит во својата игра. Повеќе зависи од тоа колку е подготвен да пати? Има брзина, сила, техника, многу е интелегентен, но некогаш го бара полесниот излез од проблемите во одредени ситуации. Тоа е неговиот најголем проблем. Го испратив во Вест Бромвич, тоа не беше добро, мислам дека имавме договор, но Баерн го украде од Бремен.

Во рок од шест месеци отиде од Вердер во Баерн, нешто што беше договорено претходно“, рече Венгер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата