Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, рекол дека на 1 јануари ќе му се врати на фудбалот, само што не прецизирал каква ќе му биде улогата, дали повторно ќе биде тренер или ќе работи како спортски директор.

„Се враќам. Верувам дека од 1 јануари повторно ќе работам. Сè уште не знам каде, сега сум на одмор и веќе сум подготвен да работам повторно. Постијат асоцијации, државни тимови, можеби ќе одам во Јапонија…Имам искуство на различни нивоа, а во моментов имам понуди од целиот свет“, изјавил Венгер за „Билд“.

Колку и да се обидел да биде мистериозен во својата изјава, јасно е дека Венгер преферира да работи во голем клуб. Во овој момент тренерската позиција им е загрозена на Хулен Лопетеги во Реал Мадрид и Нико Ковач во Баерн Минхен.

извор: Makfax