x

Венгер објасни зошто во својата автобиографија го прескокнал Мурињо

venger

Арсен Венгер напиша автобиографија „Мојот живот во црвено бело“. Во неа ги има опишано 22-те години во Арсенал.

Тој ги изненади читателите, во ниту еден дел не го споменува ривалството со Жозе Мурињо. Двајцата никогаш не се сакаа како тренери, но Французинот објасни зошто не пиша ништо за Португалецот.

„Не сакав да напишам книга во која ќе ги решавам некои нерешени сметки. Сакав да биде позитивна книга, и онака имам повеќе битки со Фергусон отколку со Мурињо“, се зборовите на Венгер, кој ги пренесе „Мирор“.

Венгер на интересен начин ги опиша дуелите со Фергусон и Јунајтед.

„Натпреварувањето те тера понекогаш да го замрзиш противникот. Мислам дека Фергусон не ме сакаше, исто и јас него“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата