Роберт Велјановски преку статус на Фејсбук пишува дека вработените во Универзална не земаат плата веќе два месеци бидејќи како што вели тој, директорот вработил двајца без одобрение на Министерството за финансии па поради несовпаѓањето на пресметките плата неможат да земат сите вработени, а директорот не попушта.

Во проделжение неговиот стстус во целост:

Вработените во Универзална не зеле плата 2 месеца, затоа што копитото од директор вработил 2-ца свои сопартијци без дозвола од Министерството за финансии. Од таму платите им ги враќаат, затоа што не им се совпаѓа пресметката. Директорчето тера инает, не праќа нови пресметки без овие двајца и ги условува сите за да добие согласност за вработување на сопартијците од Министерство за финансии!
@CityofSkopje, фраерчиња навлечени на “И тебе сам сит кафано”, кои се гадат од “Бисер балкански” која не е IN за нивните скудни мозочиња, си тераат концерти на отворено на алтернативци за да им доделат 14 500 денари. Сите овие концерти се опслужени од луѓето на Универзална кои не зеле плата. Барем заштитна опрема поделете им!
Тоа е сѐ што треба да знаете за културата во Македонија за време на корона пандемијата!!!