Дваесети и петгодишен скопјанец вчера на локалниот пат Милениумски крст – Средно Водно, со велосипед удрил во 65-годишна жена пешак од Скопје.

Б.Ф.Ш. со возило на итна медицинска помош била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники Мајка Тереза, каде што и биле констатирани тешки телесни повреди, а велосипедистот Д.Г. со друго возило бил пренесен во Градска општа болница ,,Свети Наум Охридски,, – Скопје каде по укажана лекарска помош биле констатирани телесни повреди.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax