x

Велковски: Респект за Шафхаузен, но ние имаме поквалитетен тим, верувам во победа

velkovski

Е.Пелистер денеска го игра вториот меч во Европската лига, прв на домашен терен. По поразот на гости кај ГОГ, битолчани посакуваат први бодови оваа сезона.

Битолчани поради проблеми со пандемијата коронавирус кратко време имаа можност во комплетен состав да се подготват за Кадетен Шафхаузен, но Мартин Велковски верува во квалитети на својот тим и победа на оваа средба.

“Шафхаузен е квалитетна екипа, подолго време играше во Лигата на шампионите, имаат доста репрезентативци на Швајцарија. Сепак, мислам дека ние сме поквалитетна екипа и ќе победиме. Се знае каква атмосфера се прави кога има навивачи во Битола. Тоа ни беше голема помош минатата сезона и многу ќе ни недостигаат нашите фановите. Но, така е за сите екипи, па и за нас и мора да се навикнеме“, Мартин Велковски.

Дуелот меѓу Е.Пелистер и Кадетен е закажан со почеток во 18:45 часот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата