x

Велковски остана без Лига на шампиони, Загреб со два клуба во елитата

lokomotiva-zagreb

Фудбалерите на Ријека на нашиот репрезентативец Дарко Велковски славеше со 4:2 против екипата на Истра, но не успеа да го освои второто место на табелата во хрватската Прва лига. Локомотива славеше со 2:1 на гостувањето кај Осијек и со тоа загрепскиот клуб му се приклучи на Динамо (З) во квалификациите за најквалитетното клупско натпреварување.

Велковски и денеска беше стартер кај Ријека и остана на теренот се до 79. минута. Само една минута претходно Велковски направи пенал за гостите, по што заработи и жолт картон.

Ријека сезоната ја заврши на 3. место и пласман во квалификациите за Лигата на Европа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата