x

Велковски и соиграчите во Ријека се согласија за намалување на платата

Корона вирусот им направи големи проблеми на клубовите. Помалите едвај крпат крај со крај, поголемите веќе кратат плати на играчите за да го преживеат тешкиот период. Одлуката за намалување на платите донесе немир во Динамо што резултираше со заминување на тренерот и бунт на играчите, но затоа во Ријека мирно се договорија.

Дарко Велковски и соиграчите како и тренерскиот штаб се согласиле за намалување на платите за третина во период од 16 месеци, соопштија од клубот што е за секоја пофалба.

Во меѓувреме Интер Запрешиќ се најде во проблеми. Менаџерот Велибор Квргиќ им соопштил на тренерот Жељко Петровиќ и на капитенот дека поради пандемијата и неизвесната ситуација не е во можност со своите партнери да инвестира во клубот.

Поради тоа Петровиќ ја напуштил екипата, а што ќе биде со играчите и со клубот никој не може да каже во моментов.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата