x

Велковски и Сараево станаа есенски прваци, но и рекордери на БиХ

krste-velkoski

Сараево ја продолжи импресивната низа без пораз со денешниот триумф над Слобода со 2:1 на „Кошево“ во рамките на 19. коло на Премиер лигата на Босна и Херцеговина. Сараево е есенски првак и има девет бодови повеќе од второпласираниот Железничар, а првенството продолжува во февруари. „Бордо“ тимот по првиот дел од сезоната оствари 13 победи и 6 ремија

Но не само тоа Сараево за кое игра и македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски во 2020 година ниту еднаш не беше поразен. Додуша поради коронавирусот првенството на БиХ беше прекинато во финишот, но без разлика на тоа Сараево стана првата екипа без првенствен пораз во една календарска година. Последниот пораз екипата од Кошево ја запиша во ноември минатата година на свој терен со 1:3 од Железничар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата