Велика Британија планира да вложи речиси две милијарди долари за да им помогне на театрите, уметничките галерии и други културни институции да ја преживеат коронакризата, соопшти владата.
Пандемијата тешко го погоди уметничкиот и културниот сектор, особено преку мерките за физичка дистанца кои донесоа голема неизвесност за иднината на работата на театрите, кината, музеите и галериите.

Владата одлучи да основа фонд вреден 1,57 милијарди фунти ( 1,96 милијарди долари) кој би требало да им помогне на музеите и историските локации, компаниите кои се занимаваат со жива музика и независните кина.

„ Тоа е најголемата еднократна инвестиција во британската култура во историјата, а целта е да се спасат важни организации за културно и наследство низ целата земја, кои се погодени од пандемијата “, се вели во соопштението на владата.

Секторот за уметност и култура вработува 700.000 луѓе.

Информацијата за инвестиции се заснова на апелот од минатата недела од 1.500 културни работници, вклучително и Ед Шеран и Ролинг Стоунс, за владата да ја спаси музичката индустрија од колапс.

Театарот на Шекспир глобус предупреди во мај дека може да ги затвори вратите ако не добие помош за време на блокадата.

извор: Makfax