Исламската држава останува закана, дури и ако не држи територија, сметаат властите во Велика Британија. Оваа реакција следува по изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека оваа екстремистичка група е поразена во Сирија.

„Останува уште многу да се направи и ние не смееме да ја изгубиме од вид заканата што ја претставуваат. И покрај тоа што нема територија, Исламската држава останува закана”, се вели во соопштенито на британските власти, откако САД почнаа да ги повлекуваат војниците од Сирија, објави Ројтерс.

САД почнаа да враќаат војници од Сирија додека се движат кон нова фаза од кампањата против Исламската држава, соопшти вчера Белата куќа, тврдејќи дека „територијалниот калифат” на таа екстремистичка група е поразен.

извор: Makfax