Вчера околу 08,30 часот во СВР Битола било пријавено дека на локалниот пат кај село Буково, Битола на место викано „Ѓубриште“ при сечење на дрва се повредил Н.М.(29) од с.Јаболчиште,Велес, кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

извор: Makfax