Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања”, Компанијата „ВИА” – Вевчани и НЛБ Тутунска банка АД Скопје, вечерва (16 декември), во 19 часот, во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка АД Скопје, ќе биде отворена изложбата од слики на традиционалната Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања” за 2014 година.

На изложбата ќе бидат претставени дела на еминентни ликовни уметници учесници на Колонијата од Република Македонија, но и од Република Грција, Русија, Бугарија, Албанија, Србија, Египет, Франција…

На изложбата ќе биде промовиран каталогот „Портрети на вечноста” во кој се содржани критички осврти и прикази на уметничките дела на сликарите-учесници на Колонијата во 2014 година.

На оваа реномирана културно-уметничка манифестација имаат земено учество над 70 еминентни ликовни уметници.