На денешен ден, 20 август, се роди легендарниот музичар Дино Дворник, кој ако беше жив, ќе наполнеше 55 години.

По повод роденденот на популарниот крал на фанкот, неговата сопруга Даниела Дворник упати кратка, емотивна порака.

„Денес би бил неговиот 55. роденден! Фалиш. Те сакам. Секогаш во срцето. Мојот живот и мојот учител“, напиша Даниела, која објави фотографија на Дино на која е напишана пораката: „Подобро да се живее малку, ама како крал, отколку многу како овца“.

извор: Makfax