x

Вајлдер со неверојатно оправдување за поразот од Фјури

Деонтај Вајлдер во неделата остана без светската титула во тешка категорија во верзијата ВБЦ. Во седмата рунда од борбата во Лас Вегас беше нокаутиран од Тајсон Фјури што му беше и прв пораз во кариерата.

Американскиот боксер во едно интервју пронајде оправдување за бледото издание.

Фјури не ме претепа. Факт е дека мојот костим (кој го носел пред влегувањето во рингот) беше претежок. Беше тежок 18 килограми и нозете ме болеа кога почна борбата. Во третата рунда веќе не ги ни чувствував. Еден ден претходно го пробав костимот и не ми се чинеше толку тежок“, рече Вајлдер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата