Истражувачи од финскиот универзитет Алто и данскиот универзитет во Архус ја тестирале нервната активност на учесниците додека слушале весела, тажна или страшна музика.

По добивањето на резултатите, тие биле споредени со голем број индикатори за ментална состојба, вклучувајќи депресија, анксиозност и нервоза.

Откритието сугерира дека луѓето кои често слушаат тажни или агресивни мелодии имаат поголема веројатност дека страдаат од вознемиреност и нервоза.

Исто така, анализите покажале дека мажите кои слушаат таква музика имаат помала активност на мозокот во деловите на мозокот одговорни за регулирање на емоциите.

Истражувачите се надеваат дека нивните откритија ќе им помогнат на терапевтите да дадат подобри препораки за пациентите кога станува збор за избор на музика.