x

Вацке: Ако Санчо сака да си оди, не можеме да го запреме

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, навести дека на Џејдон Санчо ќе му биде дозволено да го напушти клубот ова лето. Англискиот репрезентативец ќе биде еден од најбараните играчи ова лето, откакоз а него веќе подолго време Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Челзи и Ливерпул сериозно се распрашуваат и готват стратегија да го донесат во своите редови.

„Дури и пред да избие пандемијата на коронавирусот, рековме дека наша желба е тој да остане, но на крај треба да ги прифатите преференците на играчот“, изјави Вацке за „Билд“.

Крилниот играч беше дел од младинската репрезентација на Англија, која го освои Светскиот куп на млади до 20 години, а потоа го напушти Сити да дојде во Дортмунд за само 8 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата