x

Ватфорд го обезбеди првото засилување, му го „украде“ на Арсенал пред нос

Англискиот премиерлигаш Ватфорд веќе го обезбеди првото летно засилување. Според информациите потврдени од клубот, 21-годишниот француски играч од средниот ред, Пепе Гуеје, потпишал петгодишен договор со англискиот клуб.

Станува збор за фудбалери кој досега ги бранеше боите на францускиот второлигаш Ле Авр.

Договорот на Гуеје со Ватфорд ќе стапи во сила од 1 јули, односно од терминот кој ќе го одреди ФИФА како почеток на летниот преоден рок. 21-годишниот играч за врска во Ватфорд се сели како слободен фудбалер, откако ова лето му истекува договорот со францускиот тим.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата