Ваикан објави дека тестовите на папата Франциско и неговите најблиски соработници се негативни на коронавирусот.

Во Ватикан, тестирани биле 170 лица, а шест од нив се позитивни.

„Можам да потврдам дека ниту Папата, ниту неговите најблиски соработници не се меѓу позитивните“, рече портпаролот Матео Бруни во изјавата од Ватикан.

Папата бил тестиран во средата, откако кај религиозен службеник, кој со години живее во истата резиденција, беше потврдено присуство на вирусот.

извор: Makfax