x

Васоски се збогуваше од Вардар со победа во Струмица (ВИДЕО)

vardar-radost

Александар Васоски кажа „збогум“ од Вардар со победа над Беласица. Вардарци лесно, убедливо, победнички ја затворија оваа за нив „шампионска“ 2020 година. Беа крунисани за шампиони и покрај огромните проблеми, а еве ги и на петтата позиција на табелата и покрај тоа што сите им препишаа „фенер“. Без пари, без оној тим од лани, со млади играчи, направија голема работа. Сега што ќе се случува понатаму, само може да се шпекулира. Факт е дека овој тим мора да продолжи да живее.

МИРЧЕВСКИ УШТЕ ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА, ПОТОА СТОЈЧЕВСКИ И ЦВЕТАНОСКИ ЗА „ПОТВРДА“

Уште во 16. секунда Мартин Мирчевски погоди во мрежата на Беласица и донесе водство на Вардар. Следуваше натпревар во кој и двата тима имаа некои шанси, но не ги искористија.

На 0:2 Вардар зголеми во 54. минута. Мирчевски изведе корнер, а младиот Стојчевски стрела во мрежата. Следуваше и голот на Цветаноски, со многу среќа, откако топката се одби еден одбранбен играч.

Беласица не намали, имаше и една пречка, но не го најде патот кон голот.

Можеби овие два тима единствени го „обелија“ образот во ова коло, во кое имаше неколку чудни резултати.

БЕЛАСИЦА – ВАРДАР     0:3 (0:1)

Градски стадион „Благој Истатов“ во Струмица.

Судија: Јосип Бартон.

Стрелци: Мирчевски 1’, Стојчевски 54’, Цветаноски 61’

Ж. Картони: Бајрами (Б).

Играч на натпреварот: Мартин Мирчевски.

БЕЛАСИЦА: Ѓоргиев, Милушев, А. Коцев (74’ В. Коцев), Размоски, Сулев (74’ Чукарски), Митевски, Ивановски (28’ Калпачки), Серафимовски, Михаилов (61’ Спасов), Бајрами, Ѓоргев, Да Силва.

ВАРДАР:  Илиќ, Стојчевски (68’ Радуловиќ-Величковиќ), Велкоски, Цветаноски, Петковски (80’ Гуџуфи), Лазаревиќ (68’ Мицевски), Крстевски, Мирчевски (68’ Велковски), Петровиќ, Мартинага (80’ Блажевски), Најденов.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата