x

Васоски потврди дека си оди од Вардар

vardar-gjorche-9-vasoski

Александар Васоски и официјално повеќе не е тренер на тимот на Вардар. По триумфот во Струмица над Веласица денеска во рамките на последното есенско коло од овогодинешниот шампионат, Васоски и официјално со своја изјава се збогува со Вардар и и порача на јавноста дека заминува.

„Почитувани спортски пријатели,навивачи на Вардар,почитувана спортска јавност,сакам во името на стручниот штаб да ви се заблагодарам за подршката што му ја дававте на Вардар во овој тежок период за клубот.ПОЧИТУВАНИ ВАРДАРОВИ фудбалери,вашите имиња треба да се впишат со златни букви во историјата на овој клуб, што не дозволивте клубот да доживее црно сценарио. Што се однесува до мене, јас ветив дека до декември ќе останам, но веќе немам сила да се борам. Затоа од денеска и официјално не сум тренер на Вардар.Благодарност до Комитите и сите подрзувачи на Вардар,и мој апел до надлежните, да не се дозволи најсветото нешто во македонскиот фудбал да згасне“ – изјави Васоски

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата