Професорката од правен факултет и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевка, вечерва во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце во однос на законот за јазиците истакна дека тој закон е противуставен и неодржлив, со двојни аршини во однос на содржината на членовите, власта изминативе години со се она што го спроведе го прегази и контаминираше правото.

Во однос на законот за јазиците, професорката Василевска истакна дека во тој закон за употреба на јазиците има член којшто определува точно определена санкција, доколку не се почитуваат одредбите дека ако не го говорите албанскиот јазик и побарате преведувач којшто ќе го платите за да комуницирате со другата страна, санкциите се од 500 до 2000 евра.

Таа истакна дека на истово прашање за законот за јазиците актуелната министерка за правда Дескоска во една прилика реплицираше дека точно е дека постои тој член, но тие одлучиле да не го третираат тој член според законот за употреба на јазиците, туку за ова прашање да се употребува законот за санкции и врз база на истиот да се применат санкциите доколку се потребни.

-Главниот проблем е дека овој закон е со двојни аршини, ние години наназад алудиравме за овие работи коишто ги спроведе оваа ненародна власт, од Тиранската платформа, до промена на уставното име и од се што беше можно во државата да се прегази и контаминира, вели Василевска.