Рецептот по кој можете да ги подготвите варените гевречиња и нема кои не сака да се надат на трпеза за доручек, ужина или вечера.ои

Сосојки:

800 грама брашно 400 грама вода, 20 грама квасец, 50 гр, масло, лажиче сол, и лажиче шеќер.

За варење на гевреците:

2 литри вода , 3 лажици шеќер и 1 лажиче сол

Сусам или ленено семе, микс од семки…

Подготовка:

Во длабок сад го ставате дел од брашното, квасецот, млака вода,, маслото, сол и шеќер. Пстепено го додавате останатото брашно, го месите, додека тестото не се уедначи да биде еластично, но не и многу меко. Веднаш го делите на еднакви топчиња, или едноставно кинете од самото тесто топчиња,во зависност дали сакате поголеми или помали гевреци.

Секое топче го моделирате во форма геверк како што веќе знаете, односно тестото се издолжува расукувајќи го во глемина на геверек. Постапката ја повторувате и за останатите топчиња тесто. Се ставаат на страна покриени со фолија или најлон. Додека киснат гевреците, во загреан сад го ставате шеќерот да прегори да добие килибар боја, ја додавате водата и лажиче сол да зовријат.

Откога ќе зоврие водата се става едно по едно од гевречињата да се варат, кога ќе исплива на површина гевречето, се вади од водата и се редат во тепсија за печење.

Додека се жешки се посипуваат со сусам или ….

Вака подготвени се печат на 200 степени во загреана рерна околу 15-17 минути или додека не ја добијат посакуваната боја