Андреа Пенезиќ ја предводеше листата на стрелци со седум гола, по пет постигнаа Андреа Лекиќ и Сираба Дембеле. Ина Суслина мечот го заврши со 10 одбрани, од нив седум во второто полувреме, но и покрај тоа Амандин Лејно беше прогласена за најдобар голман на турнирот.

Признанието МВП го понесе средниот бек на Ростов, Екатерина Илина, која вечерва постигна пет гола. Најдобри стрелци беа Саскја Ланг од Лајпциг и Ѓурѓина Јауковиќ од Будуќност.

Екипата на Будуќност го заслужи третото место на женскиот турнир Вардар 2015, со победата над германски Лајпциг со 30:23. Екипата на Савехоф, пак го избегна дното и се пласира на 5. место на турнирот откако во пресметка со Подравка славеше со 22:18.

Фото: Д. Митрески