x

Вардар 1961 утре тргнува за Задар по шестиот пехар

vardar-1

По дуелот со Нексе, Вардар 1961 ги прави последните подготовки пред фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, која од 4. до 6. овој месец ќе се одржи во Задар.

Експедицијата на македонскиот тим кој е бранител на титулата во ова натпреварување ќе биде без капитенот, Стојанче Стоилов, кој има „Ковид-19“. Вардар 1961 најверојатно до Загреб ќе патува со автобус, а од главниот хрватски град ќе стигне до крајната дестинација, а со оглед на тоа дека првиот меч го игра во петок (против ППД Загреб) ќе има доволно време адатапција и финална подготовка за полуфиналната пресметка со хравтскиот клуб.

„Црвено-црните“ доминираат во СЕХА-лига имаат пет титули, и заедно со „плинарите“ се единствените екипи кои биле дел на сите завршници.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата