x

Вардар 1961 останува без тренерот на голманите, Периќ си заминува?

peric-1-e1605273889452

Вардар 1961 во продолжение од сезоната ќе остане без услугите на Дејан Периќ. СПОРТМЕДИА дознава дека стратегот на голманите на единствениот македонски претставник во Лигата на шампионите и челниците на клубот се разделиле.

Засега не се познати причините, но она што е јасно е дека „црвено-црните“ остануваат без одличниот стратег кој две години работеше со голманите на Вардар 1961 и беше една од главните алки на стручниот штаб.

Периќ дојде во февруари 2018 година како дел од тимот на Раул Гонзалез и Давид Дејвис. Под негово водство блесна Дејан Милосављев, го насочи Калифа Гедбан, како и младиот Марко Кизиќ.

Заминувањето на Периќ е во незгоден момент, Вардар 1961 ќе мора брзо да се снајде за продолжение на сезоната во Лигата на шампиони, каде прв противник по репрезентативната пауза е тимот на Келце, кој гостува на 19. овој месец.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата