x

Вардар 1961 комплетен: Чупиќ доаѓа утре, ќе мине два теста

rk-vardar-11-cupic-e1568451264562

Актуелниот европски првак во четврток ќе биде комплетен. На „црвено-црните“ момци ќе им се приклучи Иван Чупиќ, кој поради приватни причини доби дополнителни слободни денови.

Хрватскиот интернационалец е на пат кон Скопје. Како што налагаат препораките на Комисијата за заразни болести, прво ќе го направи „Ковид-тестот“. По добивањето на резултатите, Чупиќ ќе ги мине и задолжителните лекарски прегледи, па ќе се стави на располагање на тренерот Стевче Алушовски.

Вардар 1961 првата прозивка ја имаше во петокот, откако РФМ ги доби препораките, тимот ќе може да влезе во сала по подолго време, но за почеток ќе мора да работи во групи, па нешто подоцна ќе стартува со колективни тренинзи.

Единствениот македонски претставник во Лигата на шампионите подготовките за новата сезона ќе ги работи во Скопје, засега сигурен тест за силите е струшкиот турнир. Доколку ситуацијата со пандемијата коронавирус биде подобра, на 28. август треба да го имаат првиот официјален меч и тоа против Нексе. Станува збор за реванш натпреварот од четвртфиналето во СЕХА-лига, доколку го добијат и овој дуел ќе заверат место на Ф4 завршницата во Задар.

Алушовски и неговите момци во првото коло од ЛШ ќе играа против Мешков Брест на гости, покрај белорускиот тим за противник ќе ги имаат ПСЖ, Пик Сегед, Келце, Фленсбург, Порто и Елверум.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата