x

Вардар 1961 во Брест нема да остане повеќе од 36 часа

jotic-i-kalaras

Вардар 1961 денеска (12 часот) со чартер лет патува за Брест, раководството на клубот не сака да ризикува во време на пандемија коронавирус, ниту пак сака дополнително да ги оптоварува своите ракометари, добро е познато дека конкциите за Белорусија се крајно лоши.

Токму од оваа причина „црвено-црните“ кратко ќе престојуваат во Брест каде нема да се задржат повеќе од 36 часа. Денешниот ден ќе го искористат за последен договор пред дуелот со Мешков во рамките на првото коло во Лигата на шампионите, а по завршување на утрешниот натпревар (18:45 часот) веднаш ќе се спакуваат и ќе се вратат во Скопје.

Вардарци вечра ги добија резултатите од Ковид-тестот, сите се нагативно, па во чартерот ќе се качи комплетниот ростер со кој располага тренерот Стевче Алушовски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата