x

Вардар – Шкендија во 2019: Гача во главна улога, од Деспина, преку „заебанцијата“ на малиот, се до дрвата во Тетово!!!

Искрено мак – фудбалот во последните 6 -7 години се „потресува“ само кога играат Вардар и Шкендија. Скопските и тетовските „црвено – црни“ во 2019 година дури шестпати се сретнаа меѓу себе. Шкендија победи во два наврати а четири меча завршија со реми. Вардар никако да победи и тоа долго, долго време. Уште еднаш тетовци го елиминираа Вардар во Купот.

И секогаш на тие мега – дерби во главна улога беше Филип Гачевски, голманот и капитен на Вардар. Се разбира покрај судиските грешки и изливот на национализам.

А се започна со февруарскиот прв дуел кој Шкендија го доби со 1:0. Домашните фанови под Шара во текот на целиот меч го предизвикуваа Гача со Деспина. Тоа беше хит речиси една недела и повеќе. Следуваше реванш во Купот кога дојде до скандал. Имено едно дете кое беше задолжено за враќање на топките на терен, се „заебаваше“, го „дриблаше“ Гача а овој реагираше несмасно. За да на крај Гача врати мило за драго. На последниот меч беше 2:2, Вардар ја освои есенската титула, останаа тие + бодови за нашиот најтрофеен клуб а Гача славеше со Комитите.

Секако дека не заборави да „пецне“: Во Тетово е многу студено, температурата е – 8 степени. Ќе треба многу дрва за греење.“

Јасна беше алузијата…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата