x

Вардар со 500.000 евра буџет! Васовски утре прозива

vardar-radost-e1582382214632

Во „пет до дванаесет“ се прави екипа во ФК Вардар за настап во новата сеозна на првакот кој се соочува со огромна финансиска криза поради која ставена е под знак прашалник и иднината на клубот. Сергеј Самсоненко и неговите „кадри“ остануваат да менаџираат со екипата и во периодот кој следи но со буџет кој е далеку понизок од оние милиони кои се вртеа во клубот во изминатите 6-7 години. Она што сега е ново. Нема Бугари, Германци…

Ќе има 500.000 евра како буџет за новата сезона. Плати до 2.000 евра, нема база со јадења, карантини…

Александар Васоски утре ќе прозива. Денеска се контактираат играчите кои немаат најдено клубови, а имаат документи да почнат со тренинзи и да помогнат. Ако најдат ангажмани ќе си одат без никаква „кочница“. Никола Глигоров со Таневски ќе бидат помошници на Васоски. Бојовиќ и кондициониот тренер кои се странци нема да останат во клубот за да не се оптоварува „тенкиот“ буџет.

Вардар планира да добие 250.000 евра од УЕФА за титулата во домашниот шампионат, 50.000 евра од УЕФА за развој на младинскиот фудбал, а имаат и ваучер од околу 150.000 евра кој сеуште не е раситнет. Тоа се парите барем за сега. Паралелно ќе се продолжат преговорите и со Благо Георгиев чиј застапник е Славчо Георгиевски и со Германците на Саша Ќириќ.

Вардар за две недели игра со Борец на домашен терен на стартот од новата сезона. Да се преживее некако до паузата и првите четири кола со оглед на тоа дека преодниот рок ќе трае до октомври а клубот сега има право да ангажира фудбалери.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата