На денешниот ждреб во ФФМ беше одлучено вечните ривали, Вардар и Пелистер да се сретнат во 1/8 финалната рунда од најмасовното фудбалско натпреварување, Купот на Македонија.

Актуелниот бранител на тронот, тимот на Работнички во осминафиналето ќе игра против второлигашот Гостивар. Шкендија ќе оди на мегдан на Металург, а интересен ќе биде и дуелот меѓу Брегалница и Шкупи.

ДВОЈКИ ЗА 1/8-ФИНАЛЕ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР, МАКЕДОНИЈА ЃП – ЉУБАНЦИ, РЕНОВА – СИЛЕКС, ВЕЛАЗЕРИМИ – МЛАДОСТ ЦД, ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ, Х.ТУРНОВО – СКОПЈЕ, БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ, ШКЕНДИЈА – МЕТАЛУРГ.

Првите натпревари се на програмата на 30 септември.

ФОТО: ФК Вардар