x

Вардар никогаш не бил толку голем аутсајдер против Мешков Брест

pet_1189-e1599168971937

Промените во составот на Вардар 1961, како и некомпактноста која ја видовме во изминатиот подготвителен период, го става македонскиот тим на едно друго скалило пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Обложувалниците ги извадија коефициентите за првото коло во европското клупско натпреварување во кое „црвено-црните“ се актуелни прваци. Но, ниту овој факт не е доволен.

На Вардар 1961 не му даваат минимална шанса на гостувањето кај Мешков Брест (среда) во рамките на првото коло во ЛШ. Одамна македонскиот тим не бил голем аутсајдер против белорускиот состав.

Коефицинетот за триумф на избраниците на Стевче Алушовски се движи од 5 до 6 коефициент, додека за триумф на Мешков е 1,25 до 1,28.

Во Лигата на шампионите овие две екипи имаат одиграно шест меча, „црвено-црните“ немаат триумф на гостински терен, имаат два порази и едно реми.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата