x

Вардар на Ф4 турнирот од СЕХА лигата во живо на МРТ

f4-seha-2020

Ракометарите на Вардар од 4 до 6 септември (петок – недела) во Задар ќе бидат повторно дел од завршниот турнир на СЕХА Гаспром лигата. Во рамките на полуфиналето в петок момците на Стефче Алушовски ќе се сретнат со ППД Загреб, а во зависност од исходот на овој меч, два дена подоцна ќе се борат во финалето или мечот за 3. место.

Комплетните случувања од Ф4 турнирот на СЕХА Гаспром лигата и оваа година ќе може да се гледаат на Македонската телевизија, која денеска потврди дека ќе ги пренесува случувањата од завршниот турнир во Задар, Хрватска.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата