Македонскииот ракометен шампион Вардар, добро ќе инкасира за своите 13. ракометари кои настапија на неодамна завршеното Европско првенство во Полска. Европската ракометна федерација (ЕХФ) на управата на “црвено – црните” ќе и исплатри по 419 евра отштета за секој играч, за секој меч на кој бил во записникот. Ова значи дека Дејан Манасков, кој одигра шест натпревари, на Вардар ќе му донесе 2.514 евра. Заедно со Филип Лазаров и Стојанче Стоилов сумата ќе достигне до 7.123 евра

Но, македонскиот шампион имаше вкупно 13 ракометари кои играа на ЕП и затоа вкупната сума од отштета од ЕХФ, која треба да ја добие изнесува 34.000 евра! Најголем удел имаат шпанските репрезентативци Алекс Душебаев, Хорхе Македа и Арпад Штербик, кои играа осум натпревари, односно во финалето беа поразени од селекцијата на Германија. За нив Вардар ќе добие 10.000 евра. За руските репрезентативци македонскиот шампион ќе добие 7.542, за хрватските 6.704, а за српските 2.514. Кога ќе се соберат овие суми се доаѓа до вкупната од 33.939 евра.

Оваа сума е недостижна и за бундеслигашите, кои имаа многу германски, но и туѓи репрезентативци. Најдобро ќе профитира Фленсбург со 27.235 евра. Од колачот на ЕХФ ќе лапнат и Металург и Работнички.

Металург на првенството ги испрати Филип Кузмановски, Даниел Дупјачанец и Жарко Пешевски, третиот пет пати беше во составот на репрезентацијата и затоа ќе инкасира над 7.000 евра.Точно 838 евра ќе добие Работнички, за натпреварите што ги играше Никола Маркоски.