x

Вардар му донесе признание: Карачиќ прогласен за ракометар на годината

Игор Карачиќ е најдобриот ракометар во Хрватска. Екс-вардарецот зад себе ја остава неверојатната година. Во својата последната сезона во дресот на македонскиот тим стигна до нова титула во Лигата на шампионите и беше прогласен за МВП на завршницата, ја освои СЕХА-лига и домашниот шампионат.

Карачиќ освои 91 глас, двојно повеќе од второпласираниот Иван Чупиќ.

Меѓу најдобрите во овој спорт се најде и Лино Червар. Со Хрватска обезбеди пласман во квалификациите за ОИ, а следната година ќе настапуваат на Европското првенство.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата