Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, вчера со официјален чин во клупските простории, изврши промоција на новиот тренер – Вујадин Станојковиќ. Портпаролот на “црвено- црните” Атанас Костовски, драматично ја започ на прес-конференцијата, за именувањето на Станојковиќ, со зборовите: “Додека САД бира претседател, Вардар го реши тренерското прашање!”. “Во конкуренција на 15 тренери, меѓу кои неколку странски и двајцата македонски селектори Канатларовски и Јонуз, се одлучивме за Станојковиќ. Некој ќе праша зошто? Бидејќи, пред се`,сакавме тој да биде македонски стручњак, кој многу добро го познава клубот и да биде млад човек. Овие работи ги пронајдовме кај Вујо. Тој е идеално тренерско решение за нашиот млад тим со играчки просек од 22 години. Плус, Вардар дава двајца сениорски и осум младински репрезентативци, а Вујо е актуелен помошник на селекторот на ‘А’ репрезентацијата Канатларовски”, истакна првиот човек на Вардар, спонзорот Брацо Вујчиќ со додавка: “Добивме стабилен, искрен и чесен човек за тренер. Вујо е семејна личност и не скита по кафеани, а откако се договоривме да го преземе кормилото, веднаш и се јави на сопругата”. Откако и се заблагодари на управата на “црвеноцрните”, од која доби шанса да го води тимот за кој порано настапуваше како играч и беше член на шампионската генерација 1987 г., Вујадин Станојковиќ, во првата изјава како тренер на Вардар, рече: “Не доаѓам со волшебно стапче, за кусо време да направам чудо”, предупреди Станојковиќ. “Вардар мора да биде најголем! Ќе направам с&”238; што е во моите можности клубот да се врати на врвот на македонскиот фудбал. Од игра- чите ќе барам ред и дисциплина, а кој од играчите не ќе може да одговори на условите, за него ќе нема место во Вардар”, дециден е Вујо. Договорот на Станојковиќ е на година и пол, со можност за продолжување, ако постои обостран интерес. Негови помошници ќе бидат истите оние и на екстренерот Жилдо Родригеш – Благој Георгиев и Леонес да Силва-Чита. Во договор со претседателот на ФФМ Хари Хаџи- Ристески, како и со клупската управа, Вујо останува “десна рака” на селекторот Драган Канатларовски. Стартниот натпревар на “жешката клупа” на Вардар, Станојковиќ ќе го има в сабота, на првенствениот меч со Башкими на Градскиот стадион во Скопје. Од есенскиот дел на македонскиот шампионат, остануваат уште шест кола, а до крајот вкупно 22., период за кој Вујо ќе мора да го симне лидерот Работнич ки К. од врвот на Првата лига. За крај, Станојковиќ испрати и порака до раководството на својот нов клуб: “Без мое одобрение ниту еден играч не ќе може да дојде, ниту да го напушти Вардар. Играчки, а се надевам дека ниту раководни кланови веќе нема да постојат!”. (Б.Н.)