x

Вардар и Струга со резервните голмани: На голот на лидерот Филип, ама Илиќ!

Интересен момент. На денешниот меч во ПМФЛ меѓу Вардар и Струга Трим Лум, на головите на двете екипи ќе застанат резервните голмани. Имено кај лидерот ќе брани Филип, ама Илиќ. Додека чувар на мрежата кај стружани се очекува да биде Николче Симоновски.

Не станува збор за никакви повреди, туку поради суспензија. Имено и Филип Гачевски (Вардар) и Урош Ѓуриќ (Струга ТЛ) имаат по пет жолти картони и ќе мораат да паузираат на овој меч и да бидат на трибини.

Ова е ретка можност младиот Филип Илиќ да покаже што знае, да покаже дали може достојно да го замени веројатно најдобриот голман во ПМФЛ Филип Гачевски.

 

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата