x

Вардар загуби и од српска Бачка во Анталија

Вардар со трет пораз од третиот натпревар на подготовките во Анталија. Попладнево „црвено-црните“ загубија од српскиот тим Бачка Топола со 2:1. Србите имаа 1:0 на полувремето со голот на Зец.

На стартот од вториот дел противникот на Вардар дојде и до 2:0 со гол на Арсенијевиќ. На крајот Колевски успеа да го намали резултатот.

Вардарци во првите два „теста“ загубија од Хајдук 3:1 и од Динамо Киев со 4:0. На денешниот меч не играа Гачевски и Мицевски кои добија поштеда.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата