„Црвено – црните” на ждрепката во Нион, Швајцарија, го добија најтешкиот противник во втората квалификациска рунда, кој изминативе неколку години е постојан учесник во групната фаза од Лигата на шампиони или Лигата на Европа, од можните Салзбург (Австрија), Карабах (Азербејџан), Шериф Тирасол (Молдавија) и Тренчин (Словачка).

Вардар четврти пат во последните пет години ќе се натпреварува во квалификациите за пласман во групната фаза на најпрестижното клупско натпреварување.

Од првата подгрупа во квалификациите за ЛШ, останатите четири двојки се Карабах – Дуделанж, Хапоел Бер Шева – Шериф Тираспол, Олимпија Љубљана – Тренчин и Лиепаја – Салзбург.

Првиот натпревар од второто коло, „вардарци” ќе го одиграат на националната арена „Филип Втори” во Скопје, на 12 или 13 јули, а реваншот е закажан за седум дена подоцна во Загреб.