x

Вардар без Јотиќ и Дисингер против Е. Пелистер

stole-i-disinger-e1583441718991

Вардар и Е. Плистер денеска (17:30 часот) во СЦ “Јане Сандански” ќе ја одиграат втората контролна средба во рамките на подготовките за новата сезона.

Првиот дуел им припадна на битолчани, славеа во финалето на струшкиот турнир.

На оваа средба Вардар ќе настапи без Ловро Јотиќ и Кристијан Дисингер.

Двајцата се здобија со повреди токму во Струга, Јотиќ има проблем со рамото додека Дисингер со коленото. Повредите не се сериозни, превентивно ќе одмараат, се штедат сили за мечот со Нексе во Сеха-лига.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата